April 24, 2024, 10:15 am

МИЗЕРИЈА: Заев се автоцензурираше во Давос, во ниту еден момент не го спомна името на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во својата изјава после средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, премиерот на „нашата земја“ Зоран Заев ниту еднаш не го изговори зборот „Македонија“.

Заев изјави дека „двете земји се на вистинскиот пат да постигнат добрососедски односи кои ќе придонесат за стабилноста и економскиот просперитет на балканскиот регион“.

-Мнозинството граѓани во двете земји сакаат да имаат блиски и пријателски односи. Сакаме да станеме еднакви партнери во ЕУ и НАТО. Покажавме во минатото дека можеме да работиме заедно за меѓусебен интерес. Ние како премиери имаме политичка визија и одговорност да работиме на надминување на долгогодишниот спор. Редно време е да се најде решение бидејќи тоа е клучно за нашите евроатлантски перспективи. Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни. Решението мора да биде во заштита на националниот дигнитет и идентитет на нашите народи, рече Заев.

За да покажеме дека сме посветени на наоѓање решение, рече Заев, Владата ќе го промени името на аеродромот и автопатот.

-Автопатот ќе се вика „Пријателство“. Ова сведочи за фактот дека немаме никакви територијални претензии кон нашиот сосед. Остануваме посветени на преговарачкиот процес предводен од медијаторот на ОН Метју Нимиц. Ќе го кренеме нивото на преговори на министри за надворешни работи со нивните тимови. Ова ќе дозволи поголема динамика и суштина“, зијави Заев.

„Мојата земја“: Заев за грчка „Алфа“ избегнуваше да го спомене зборот „Македонија“ (ВИДЕО)

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This