МИЗРАХИ ВО ПОСЕТА НА СЕМЈЕСТВОТО ЧИИШТО МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА ЗАГИНАА ВО ПОЖАРОТ: Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи попладнево беше во посета на опожаpeната куќа во Шуто Оризари и на семејството чиишто малолетни деца загинаа во пожарот. Како што се наведува во соопштението од МТСП, Мизрахи изразила сочуство до семејството и им понудила сместување и еднократна парична помош.

 

 

 

-Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител сочуствувам со големата болка што ја почувствуваа денеска нивните родители.Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадоместлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадминлива, но
нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед, посочува министерката Мизрахи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This