April 19, 2024, 10:21 pm

МИЛА ЦАРОВСКА ВМЕШАНА ВО ИЗБОРЕН КРИМИНАЛ?: Дали во Ромската населба во Неготино се делеле по 3.000 денари од глас, а Мила ветувала експресно решавање на проблеми!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборниот циклус за некои стана и доходовен бизнис, имајќи во предвид дека СДС во недостаток на проекти и програма за нивната работа, нема друг излез освен преку поткуп со зејтин, брашно, а најчесто и со пари да бара гласови од народот

По скандалот во прилепската населба Тризла, каде директорот на Центарот за социјални работи, кандидатот за градоначалник и пратеничката од Прилеп, сите членови на СДС делат зејтин и останати прехрамбени продукти барајќи од граѓаните глас на изборите, денес до нашата редакција пристигна информација дека истото се случува и во ромската населба во Неготино.

Според информациите кои ги добивме, се наведува дека пред 10-тина дена се делеле по 3.000 денари од глас, а едно семејство може да заработи и по 200 евра, ако се работи за семејство во кое има четворица гласачи.

Информациите велат дека во една вечер се делат по 2.000 евра во населбата, а истото се случувало и на минатите избори.

Освен ова, непотврдена е и информацијата која вели дека таму присутна била и министерката за труд и социјални работи Мила Царовска, која не делела „кеш“ туку ветувала експресно решавање на проблемите, секако барајќи за возврат глас на претстојните локални избори.

Колку се точни овие информации оставаме на меѓународните и домашните организации за следење на изборите да проверат, нешто што досега не го направија, иако во низа наврати медиумите објавуваа фотографии и докази дека се случува изборен криминал.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This