МИЛА ЦАРОВСКА ИСКЕШИРАЛА 1.5 МИЛИОНИ НА МАКАТА НА БЕГАЛЦИТЕ: Мила Царовска преку НВО Хера бараше отстранување на оградата и масовно населување на мигранти во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невладината организација ХЕРА, во која сегашната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска беше кооординатор, бараше рушење на оградата на АРМ кај Гевгелија и масовно давање на азил и државјанство на мигрантите.

Во отворено писмо потпишано од низа соросови организации во земјава бараа да се отстрани бодликавата ограда од границата и мигрантите непречено да можат да влегуваат во земјава.

 

-Ние, борците за слобода, еднаквост и човекови права, заштита на природата и заштита на животните, јавно го креваме својот глас и кажуваме НЕ! на оградата од бодликава жица! Доколку оградата опстои, заштитата на луѓето на кои им е потребна ќе се смета за нелегална. Илјадници луѓе ќе останат заглавени на границите, и во отсуство на легални патеки, сѐ почесто ќе посегнуваат по опасни и нелегални алтернативи, што ќе предизвика уште смртни случаи. Бараме оградата да се сруши! Бараме да се прекине со сегрегациски и дискриминаторски практики кои незаконски ги спречуваат луѓето заглавени на границите да бараат азил по безбеден пат, стоеше во отвореното писмо на 16 НВО организации меѓу кои и ХЕРА, на која координатор беше Царовска.

Отвореното писмо е потпишано од: Младинска организација „Мугра”, Здружение Студентска организација ИЗЛЕЗ Скопје, „Анима Мунди“ здружение за заштита на животни „Глас за животните“, здружение за заштита на животни од Велес „Animal World”, здружение за заштита на животни од Струга „Ејнџелкетс“, прифатилиште за мачки Скопје „ХЕРА“ – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Здужение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје „Чист Охрид“, неформална еколошка организација од Охрид „Легис“, асоцијација за промоција и одржување на културни и спиритуални вредности „Плоштад Слобода“ – Скопје, Здружение за уметност, теорија и активизам „Субверзивен Фронт“, Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ Активистите од „Автономниот Културно Социјален Центар“ Работна група „Солидарност за мобилност“ на Левичарското движење „Солидарност“.

Инаку, Царовска од ХЕРА добила 1.415.105 денари или околу 23.000 евра. Само во 2014 година добила 823.000 денари, односно 1.100 евра била месечната плата на Царовска во невладината организација, која бараше рушење на оградата на АРМ кај Гевгелија и масовно давање на азил и државјанство на мигрантите.

Во 2015 година пак, добила 592.000 денари, а работниот однос и траел до 16.11.2015 година, бидејќи тогаш станува специјален советник на техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Царовска во ХЕРА работела 10 години, од каде според овие парични износи може да се виде дека убаво печалела.

 

Мила Царовска преку невладината ХЕРА заработила 1.415.105 денари.

Од ХЕРА, невладината организација која бараше рушење на оградата на АРМ, одлично заработил и Бојан Јовановски – Боки 13 кој лани наплатил 998.627 денари.

 

Невладината организација ХЕРА добивала помош и од СОРОС Фондацијата.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This