МИЛЕВСКИ: Соработката со Грција ќе се интензивира со добивањето на датум за преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за локална самоуправа, Делегацијата на Европската Унија и Општина Битола, на плоштадот „Гоце Делчев“ во овој град одржаа манифестација посветена програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.

На јавниот настан – Ден на европска соработка 2019, кој се одржа под мотото „Европа тоа си Ти“ министерот за локална самоуправа Горан Милевски потсети дека ЕУ до 2020 година обезбеди 45,5 милиони евра за финансирање на различни проекти во регионот кои ги реализираат општините и невладини организации од двете соседни држави.

–Со реализираните проекти реновирании опремени се здравствени институции, поставени се енегретски ефикасни фасади на јавни институции, реновирани се училишта, подобрена е заштитата и опремени се тимови за заштита од елементарни непогоди, а финансирани и се еколошки и проекти од областа на туризмот. Очекувам соработката со соседна Грција да се интезивира посебно по добивањето на датум на преговори кој се очекува во октомври за што како министерство се подготвуваме да ги зајакнеме капацитетите и да искористиме што повеќе средства од ЕУ-фондовите – истакна Милевски.
Делегацијата на ЕУ во Скопје ја следи и почитува соработката меѓу Македонија и Грција која се остварува низ ИПА програмите, посочи претставникот Френк Јанмат и го издвои проектот, граничен премин „Маркова Нога“.

–Важно е да се нагласи дека двете држави работаат заедно и за обостран бенефит. Граничниот премин „Маркова Нога“ е во изградба, се реализираат и други проекти, а по 2020 година ЕУ ќе обезбеди и осигура нова финансиска поддршка која ќе биде во функција на пограничната соработка – истакна Јанмат.

Според градоначалничката на Битола Наташа Петровска, соработката меѓу соседите е многу значајна и таа ќе се негува.

–Како Општина во моментов работиме на три значајни проекти за градот и тие овозможуваат и обезбедуваат подобри услови за граѓаните, подобра енергетска ефикасност на спортската сала „Боро Чурлевски“, набавка на возила на електричен погон, како и проекти за зголемување на туристичката атракција на градот и се благодарение на поддршката од ЕУ – нагласи Перовска.
Денот на соработката се одбележува во 30 држави во рамки на 50 ИПА програми за територијална соработка со организирање на 120 локални настани, беше истакнато на централниот македонски настан во Битола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This