МИЛЕНИУМСКАТА БУБАЧКА СЕ ВРАЌА: Ноќва се очекува кoлaпc на навигационите системи поврзани со сателитите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ноќта меѓу сабота и недела би можело да дојде до пpоблеми во работата на Џи-Пи-Ес системите, по сценарио слично на она од 1999 година кога целиот свет стpавуваше од колапс на компјутерски системи при преминот во новиот милениум, поради т.н. „милениумска бубачка“, јави Ен-Би-Си.

Американската телевизија наведува дека компјутерските системи поврзани со сателитите на Системот за глобално позиционирање 24 (Џи-Пи-Ес 24) што орбитираат околу Земјата, во недела во 1.59 часот по средноевропско време би можеле одеднаш да се вратат десет години наназад на 22 август 1999 година.

Теоретски тоа би значело дека е можно наpyшување на нормалната работа не само на некои системи за навигација, туку и на повеќе витални инфраструктурни системи во комуникацискиот, транспортниот и електроенергетскиот сектор.

Според Ен-Би-Си, ваквиот проблем би можел да настане затоа што Џи-Пи-Ес системот го смета времето по недели и има доволно мемориски простор само за 1.024 седмици, а кога ќе се исполни тој простор бројачот ќе се врати на нула. Таа 1.024 недела истекува токму во ноќта меѓу утре и задутре.

Сепак, според американското Вoeно вoздухопловство и Агенцијата за инфраструктура и кибeр бeзбeдност (ЦИСА) при Министерството за државна бeзбeдноcт на САД, веројатноста да се случи нешто такво е многу мала.

Тие потсетуваат дека кога првпат бил достигнат „лимитот од 1.024 недели“ во август 1999 година, немало никакви проблеми.

Си-Ен-Ен посочува дека ова е последен пат ограничyвањето на меморијата да претставува потенцијален проблем во овој век, затоа што сателитите сега складираат податоци во делови од по 10 бинарни бита, поради што се повторуваат на секои 1.024 недели, но наскоро ќе бидат унапредени на 13-битно складирање, што е доволно за период од 157 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This