МИЛЕНКО ДО КОНТРОЛИРАНАТА ,,ОПОЗИЦИЈА”: Не знам кое копче го стистнав, но ги боли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навистина појма немам на кое копче стиснав, ама дефинитивно сум погодил некое кое многу боли!

Пред да продолжам со пишувањево, да повторам: #бојкотирам е сенародна и непартиска иницијатива која на 30-ти септеври ќе успее. Секое присвојување од разно-разни партиички и лидерчиња само и наштетува на таа патриотска иницијатива.

На темава, Сум стиснал некое дугме. И, ете ерупција.

Во два текста посветена на исти ликови немав напишано ниту една навреда. Се надевам дека не е навреда ако сум пишал дека некој бил високорангиран функционер на СДСМ. Се надевам и дека не е навреда ако прашам кој ја легализираше Тифани. Инаку, ако си стар скопјанин и ако си немаш мува на капата, ќе знаеш  дека Тифани не е зградата каде е кафиќот на Маниќ, ами една стара трикатна куќа таму карши “глувите“. Се надевам и дека не е навреда фактот дека некој бил претседател на малубројна и пропадната партија која се викала Демократска Десница.

Сепак, и покрај тоа што не навредив, навреди добив. Јас, инаку, се разликувам од овие smart ass типови што не бришам постови иако има многу навреди и не дремам по профилите на истите тие што навредуваат. Јас сум либерте, демократ, неискомплексиран… Си знам што сум и навредите кон мене ги сфаќам како бламажа за тој што ги пишал.

Вилипчо пишал дека сум бил дебел. Па да, дебел сум, имам стомак ко гајда. Ама и таков своевремено бев добар и за мајка му (многу згодна беше) а по неколку години и за вереницата му. Се сеќава тој.

Палчо пак пратил порака да си ги гледам козите. Ма да, си ги гледам и си ги шетам секој ден. Сметам дека љубовта кон природата, животните, козите, коњите и кучињата ми донесува толку големо секојдневно задоволство, спокојствие и душевен мир, да не би ги мењал за друг тип на релаксација и медитирање. Да, Палчо, си ги гледам козите.

И ете сега, откако утврдивме, а и јас лично потврдив дека сум дебел (ваљда и тие гласаат, а?) и дека си ги гледам козите, ДА СЕ ВРАТИМЕ НА ГЛАВНОТО ПРАШАЊЕ.

Колкумина вие репрезентирате? Ке ставите ли “декларе“ на маса? Односно, ако сте толку многу како што тврдите, зошто веднаш не ја блокирате државата со радикални мерки и методи?

Колку ве има, бе?

Кој ве финасира, бе?

Кој ве формира, бе?

Ако партиите на Бачев и Палчо имаат барем по 1.000 луѓе, бројка која е потребна за да се формира партија, и ако Вилипчо, бидејки не е дебел и е убав, има уште 1.000 луѓе во ВМРО ДПМНЕ – со 3.000 народ се руши секоја власт, а нај лесно оваа сегашнава.

Ама вие немате ниту 3.000, ниту 300… Тоа е проблемот. Затоа се навредите. Огледалцето ви ја покажува грдата вистина.

 

Дебелиот што си ги гледа козите

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This