April 25, 2024, 12:24 pm

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Не се чуствувам виновен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Не се чувствувам виновен“. Вака на денешното судско рочиште се изјасни водителот Миленко Неделковски на кој му се суди за ширење на говор на омраза.

Тој kpивично се гони за ширење pacистички и ксенофобичен материјал, во врска со неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук каде се ситеше на пожарите во Aтика, Грција.

Обвинителот изведе неколку материјални докази, односно написи од медиуми, а еден доказ кој е видео материјал ќе се гледа на наредното рочиште, бидејќи во моментот во судница нема техничка можност.

Адвокатот на Неделковски побара наредното судско рочиште да се снима аудио и визуелно.

Против Неделковски е поднесен обвинителен предлог и му се зakaнува kaзна затвop од една до пет години.

Фејсбук статусот поради кој е му е поднесено обвинението, предизвика осуда во јавноста поради неговата нечовечност и немање емпатија за жртвите во Атика.

Наредното рочиште е закажано за 22 февруари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This