МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Ни со Чак Норис на листа, СДСМ не може да победи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дека во случајот со Зоран Заев си имаме работа со абдал, не е потребна поголема елаборација.

Cak-Noris-SDSM

Но, ич не ми е јасно зошто интелектуалата во опозиција, нивните домашни и странски ПР стратези, како и странските умбрела поддржувачи ја форсираат истата губитничка стратегија на глумење лажна еуфорија и непоткрепен оптимизам.

Нејасно ми е, ако си имаме работа со нормални луѓе и докажани професионалци, како можат да го осмислат вечерашниов настап на Заев каде што единствената стратегија беше играње на кратката и слаба меморија на народот. Односно, играње на губитничката карта. Народот ниту има слаба, ниту пак кратка меморија. Еуфорично набилдан настап на Заев со серија на лаги не може да премисли некоја домакинка, еснаф, студент, работник – обичен гласач од нашата држава.

Заев пред микрофоните, откако леџа му држеше Шекеринска, се раздра со тврдења дека ете конечно нема да се дозволи на ВМРО “да бега“ од избори. Партијата СДСМ, лидерот Заев и заменик лидерот Шекеринска, кои 10 години по ред губат на сите можни избори, а во последната година-и-пол бегаат од сите можни договорени датуми, мислат дека со една изјава народот ќе помеша која партија сакаше, а која бегаше од избори и во април и во јуни?!

Заев вечерва, поучен од своите ПР стратези се повика на народот. Тоа е истиот народ што неговите интелектуалци го сметаат за небањат, смрден, со влакна у носот, ѓубре, кал, овци, стока… Една изјава на Заев ли ќе направи да се заборават сите изјави на Фрчкоски, Најчевска, Тричковски, Ризаов, Героски, Пендаровски…???

Заев вечерва се закани дека по изборите ќе владеела правна држава. Дека криминалците ќе завршеле во затвор?! Па народот во Македонија едвај чека повторно да завладее правната дражава и во затвор да завршат на долгогодишна робија Заев, Верушевски и слични багабонти.

Сагата на СДСМ и Заев околу фантомските гласачи и расфрлаље со бројки продолжи и во последниов настап. Колку се фантоми, дали се фантоми и кој се фантоните никако да дознаеме?! Секако, со исклучок на фантомот-балерина Најчевска.

Нејасно ми е, морам да признам, и како ПР тимот на Заев составен од српски криминалци и терористи, мисли дека во следните сто-и-нешто дена на вака лажен фундамент ќе го градат својот пат кон барање гласови и доверба од народот?

Неколку пати напишав, ај сега и во овој текст, зар било кој, дури и со IQ под 80 какви очигледно се советниците на Заев, може да помисли дека со Санта Аргирова 100 дена во МТВ и со 5-члено Ад хок тело во кое нема ниту еден телевизиски работник, уште помалку новинар, народот ќе го смени мислењето што го има на сите избори и на сите испитувања на јавно мислење?! Па Саната баш Чак Норис да е, нема да може тоа да го направи.

Зошто? Па затоа што луѓето размислуваат со свои глави и не се стока какв што си мисли Пендаровски. Или глупи, како што мисли Најчевска.

Крајно, она што во теков на летово го разговарав и констатирав во контактите со странски дипломати во нашата држава, со наши дипломати во странство и со неазвисни новинари и аналитичари, на еден мекан и дискретен начин денеска вечерва го потврди и Алберт Муслиу на дебатата со Пандов и Николовски. Тој тоа го опиша како “многу мало мешање на меѓународната заедница“. Значи смалено, дискретно и небрутално…

Ова кореспондира со заклучокот што го имаат оние со кој ја дебатирав оваа тема летоска (наброени погоре) дека Џес Бејли, кој меѓу другото со заминувањето на Аиво Орав и Чарлс Гарет е оставен сам, е “клекнат“. Односно дека, за разлика од минатото лето, е многу по тактичен, смирен, адаптибилен… Не се странските дипломати како лани разагоропадени и бесрамни. Има голема промена во нивното однесување и тоа се гледа на јавна сцена. Што е причината, Брегзит ли е, Трамп ли е, Русија-Кина ли е – мене не ми е јасно. Но, се гледа многу јасно од настапите и постапките.

Откако вечерва лидерите потпишаа пак некој документ, повторно никој не е сигурен 100% насто дека избори ќе има! Ако забележавте, кога Сарма ќе ги запукаше со прашање, им бегаа очите по таваницата додека смислат одговор на дилемата што ја има народот “дали пак некоја будала ќе ги одложи изборите“?!

За нас обичните граѓани едно е јасно. Со најавените парламентарни за 100 дена и редовните локални за пола година, ќе бидеме објект на секојдневно масирање од оние што ќе го бараат нашиот глас. Но, оној во политиката што смета дека гласот/волјата на гласачот може да ја смени за 100 дена, гадно се излажал.

Milenko-so-casa-MilenkoПишува:
Миленко Неделковски за Дудинка

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This