April 24, 2024, 11:51 am

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Секи си плаче на своо гроб!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

milenko-nedelkovski1-640x338Не постои “копи паст“ слика за пресликување на политичката ситуација од една во друга држав. Било каде во светот. И на Балканот, исто така.

Нашите избори на 11.12.16 не можат да се исти како оние во Србија, ниту како оние во Хрватска или Црна Гора. Дежурните измислувачи на терии на политичка конспирација се обидуваат да постават теорија во рамките на политиката дека “планетата не е тркалезна, ниту обла, ами коцкаста“.

Па така, да им подразјаснам од вчера па наназад за изборните ситуации кај трите поранешни Југословенски републики.

sobranie-raspustanje-640x479-610x250
ЦРНА ГОРА

Во Македонија не може да е исто како во Црна Гора, иако Гериз тоа многу би го сакал. Зошто? Па затоа што:

Груевски не е мафиозо и шверцер ко Ѓукановиќ. Партнер на Ѓукоановиќ беше СДСМ, односно Бранко Црвенковски, а и Владо Бучковски и Хари Костов со хеликоптерите полни со цигари од Тутунски комбинат Прилеп и од дивите “тутунски комбинати“ во Арачиново.
Опозицијата во Црна Гора е анти НАТО/ЕУ расположена. Спротивно, опозицијата во Македонија ќе даде дупе и за НАТO и за ЕУ.
Опозицијата во Црна Гора, на пример мојот пријател Гојко Раичевиќ, се тепани и затварани кога протестираат против НАТО. И немаат ниту сакаат да имаа допиран врска со парите на СОРОС, УСАид и странските амбасади. Нормално, сосема спротивно е кај нас. https://youtu.be/B6rAtt9pXgo
Мило Ѓукановиќ е миленик на Брисел, спротивно Никола Груевски им е ноќна мора.

ХРВАТСКА

Во “Лјепа наша“ во рок од десет месеци ХДЗ загуби 60.000 гласачи, а Милановиќ (хравтскиот СДС) дури 100.000 . Според вчерашнот митинг, ВМРО нема таква намера, напротив.

Западот, откако виде дека не може ништо со абдали како Милановиќ, Карамарко и слични, реши да ја ребрендира ХДЗ. Па им донесе намесник од Брисел во ликот на Пленковиќ за претседател на партијата. ВМРО не е ХДЗ, па ни Никола Поповски не би можел да биде Андреј Пленковиќ. Иако Брисел посакува таква разврска. ВМРО не го дава Груевски. Тоа е повеќе од цементирано мислење. Македонија не заслужува друг премиер сем Никола Груевски, тоа е армиран бетон мислење. Карамарко, а и тие пред него никогаш ја немале статистиката на Груевски. Разлика во доверба во однос на противникот. Континуитет на години со одржана така голема разлика. Голема разлика без разлика на лидерот на опозиционата партија (Црвенковски, Бучковски, Шекеринска, Заев…). Тоа ниту еден ХДЗ претседател го немал. Секако тука нема да ја рачунам нивната војна и Туџман. Тоа е пред 20-и-кусур години во сосема поинакви, односно воени, услови.

СРБИЈА

Македонијиа не може да биде ниту Србија, а ниту Груевски да биде Вучиќ. Македонија нема такви братски врски со Русија па да може да балансира. Македонија не била нападната од НАТО. Македонија немала елитна единица на парадата за Победата над фашизмот на Црвениот плоштад во Москва, барабар со Црвената армија. Путин нема дојдено в Скопје. Ниту пак дошол Рускиот патријарх Кирил. Македонија не е и не може да е наслонета на Русија, па и нема таков баланс каков што може да прави Србија.

ЗАКЛУЧОК

Секоја планина своја тежина. Или, како што би рекле во Радовиш: “Секи си плаче на своо гроб“.

Македонија не може и нема да биде ниту една копија. Македонија нема море ко Црна Гора или Хрватска, или големи пловни реки ко Србија. Но ние имаме, за разлика од нив економски резултати што тие можат да ги сонуваат. Намалена невработеност, инвестиции, проекти… За разлика од тие три држави нам ни го негираат името, идентитетот, црквата, нацијата, јазикот, писмото, територијата, историјата… Македонија е специфична по многу нешта. Не може да биде фотокопија. Македонија и Македонскиот народ се единствен пример во светот и светската историја, па такви и ќе останат.

И по 10 години и дузина изборни циклуси, и на 11.12.16 ќе победи Груевски и ВМРО во однос на ненормална тајфа околу СДС.

Но, едно да биде јасно. Колку и да е убедлива, а убедлива ќе биде, победата на ВМРО и Груевски – странскиот фактор и домашните платеници нема да ја остават државата на мира да се развива и просперира. Се додека, новоформираната стара власт не почне да ја води државата по принципите на нивните западни партнери. Цврста полиција до ниво на репресија против секој загрозувач на уставот, теритријата и поредокот на Македонија. Заслужени затворски казни за поткопувачи на системот. Дебели казни за уништување на народниот имот. Ќотек за оние кој го попречуваат мирниот живот, проток на луѓе и функционирање на животот низ државата. Односно, “еден фрлен куртон со боја – три пендрака по газот“. Укинување на НВО-а кои немаат допира точка со граѓанското невладино делување, ами се испостави на странски мешетари и тајни служби.

Одиме на избори.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This