Милетиќ: Како е, а како треба?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со години ги слушам нашите политичари во Македонија како велат и се колнат на верност „НАТО, ЕУ“, а „под житото „муљаат“ со руски пари. А кога нешто ќе „зачкрипи“, за се се виновни Албанците или Србите, по кој редослед сакате – битно тие, политичарите, се безгрешните.

Не ги лажете вие ниту Европа ниту Русија ниту Америка ниту НАТО, ниту пак народот. Сите ве набљудуваат. До кога? Во Македонија го имаме најусовршениот пример на робот (политичарот). Се управува далечински, но фала му на Бога – има рок на употреба. А потоа – следниот. Што ќе ни е јазик, што ќе ни е историја, кога сме ја усовршиле „роботиката“. „Вози Мишко со затворени очи“, постои навигација.

Не ми грижа за вас како ќе завршите. Битно е народот да не седне во нивниот автобус, бидејќи го возат право во провалија. Подобро е пешки, полека и сигурно.

Но, што може да се прави кога не слушнале за песната на „Бјело Дугме“ под наслов „Што би дал да си на мое место, да те мразат, а да ти се восхитуваат?“ Овие денес само ја слушаат песната на групата Аба – “Money, Money”, а сепак одат пак само по „Бјело Дугме“ – „Се колнам со сината селска крв“. Браво?! Ако мислите дека е за „браво“…
Оваа мода остана само уште кај нас во Македонија. А како покритие им треба песната од Гиле „Југословенка“.

Најдобриот начин да не се знае кој е кој, од каде и зошто, па сеуште се држат до онаа југословенската „Кој не е со нас, тој е фашист“. Или во духот на СКЈ, „Кој вели поинаку, клевети и лаже“.

Господа, јас пливам спротивно од вас. Србин сум и ја почитувам секоја нација и вера. Сега, кога секој има своја држава или државичка, можеме да бидеме добри соседи коишто се помагаат и почитуваат. Не сме сите исти и секој има своја специфика, па оттука почнува примената на старата поговорка „Колку ме почитуваш – толку ќе те почитувам“.
Нашите политичари кога ќе се најдат „во тесно“ имаат еден одговор: „Така сака Западот, ние сме мали и ситни, тука ништо не се може“. Во тоа има вистина, но никој не кажува дека кога Западот бара да се реши некој проблем – Западот и нуди помош во неговото решавање, а нуди и помош и за други области кои ќе ги посочат избраните политичари. Едноставно кажано – компензација за државата и пред се – за народот.

Ама нашите политички „витези“ храбро и решително одговараат: „Не ни треба ништо – само да не оставите на власт“. Пак ќе речам „браво“, ако мислите дека е за „браво“?! А народот, стандардот, опстанокот на државата?
Кој ме разбра – ме разбра, кој не ме разбра – не сакал да ме разбере.

Уште од детството запаметив што велеа старите: „Има две правди, Божја и народна. Не знаеш која попрво ќе те стигне.“ Нашата задача е народната правда, правдата од одлуката на народот и правдата за секого од граѓаните.

Пишува: Драгиша Милетиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This