Миле Јанакиески „стражарно спроведен“ во Суд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијата Бошевски нареди стражарно спроведување на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој повторно има решение за изолација наводно поради контакт со заболено лице од Ковид 19.

Денешното рочиште за предметот „Траекторија” кој го води Судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Лиле Стефанова, започна со доставен писмен поднесок од канцеларијата на адвокат Еленко Миланов со кој го известува Судот дека од денеска 25.11.2020 година обвинетиот Миле Јанакиески е со Решение за изолација поради контакт со заболено лице од Ковид-19 па се до 01.12.2020 година.

Судијата Бошевски соопшти дека по телефонски контакт со надлежната полициска станица ,,Карпош” добил потврден одговор дека обвинетиот Јанакиески ќе биде спроведен во Кривичниот Суд Скопје со задоцнување од 30 минути, па рочиштето ќе започне во 11 часот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This