МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ФИРМИ БЛИСКИ ДО СДСМ, ИНВЕСТИЦИИ НЕМА: Државата се задолжува со 300.000 евра на ден, инвестиции нема, но сите добија нов автомобил!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Капиталните инвестиции во државава се најниски во изминативе 15 години, но затоа нема проблем да се фрлаат милиони евра, пари од граѓаните, во фирмите партиски донатори на СДСМ, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Државата можеби се задолжува со по 300.000 евра на ден, но затоа пари за луксузирање на функционерите од власта не е проблем да се најдат и да се дадат. Економијата пропаѓа, ама затоа бизнисот на Де Лукс – Ауто од Куманово со набавки на коли за државните институции цвета секојдневно. Вчера беше објавено дека и Бирото за јавни набавки си купува лимузина, токму од фирмата донатор на СДСМ. Колку навистина чини оваа лимузина, какви карактеристики има и кој е производителот, не се знае. Не се објавува ниту дали имало и други понудувачи и дали е спуштена цената со евентуално јавно наддавање, истакна тој.

Арсовски прашува: Дали е ова причината поради која што Бирото за јавни набавки месеци наназад молчи околу тендерите и договорите во четири очи што ги добива кумановската фирма, која што е воедно и донатор на СДСМ?

-Како е можно локален дистрибутер на возила, кој не е генерален увозник да добива толку многу тендери? Дали некој им се јавува на останатите играчи на пазарот и им укажува за нивно добро да не конкурираат или пак да доставуваат понуди кои ќе бидат полоши од понудите на донаторот на СДСМ? Ова се прашања кои заслужуваат не само одговор, туку и сериозна истрага доколку имаме Јавно обвинителство кое што е ослободено од партиско политичките притисоци од власта. Станува збор за пари на граѓаните, а не пари на Вице Заев или било кој член на картелот во власта. Јавноста се прашува дали остана институција под контрола на СДСМ која не набави возило од кумановската фирма Де Лукс Ауто, односно фирмата спонзор на СДСМ. Најнова скандалозна набавка на возило од оваа фирма е направено од страна на Бирото за јавни набавки. Бирото за јавни набавки од Де Лукс Ауто набавило возило во вредност од 1 милион и 695 илјади денари без ДДВ, односно 2 милиони и 100 денари со ДДВ или околу 33 илјади евра. Очигледно се работи за луксузно возило за коешто, внимавајте јавноста с еуште не знае дали имало воопшто втор или трет понудувач. Оваа фирма која што се јавува како спонзор на СДСМ за неполна година власт на Заев има бизнис од над 1,5 милиони евра, само преку набавки на луксузни возила од страна на државни институции, иако Де Лукс не е ниту генерален увозник туку само обичен дистрибутер. Фирмата спонзор на СДСМ ги доби речиси сите поголеми јавни набавки и тоа, да потсетиме, набавката во 4 очи на 45 возила во МВР со чешката донација од 1 милион евра, набавката од Централен регистар на 11 возила во вредност од 8,3 милиони денари, набавките на возила во Министерството за одбрана, Македонски енергетски ресурси, ЈП Студенчица, Кичево, Општина Куманово и Центар за јавно здравје Куманово, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски посочува дека од оваа фирма своевремено се набавувани и партиски возила за СДСМ, па оттука се поставува прашањето дали за оваа набавка сега партијата се оддолжува преку државните институции со народни пари?

-Дали нема други фирми официјални увозници или дистрибутери во државата штом оваа фирма ги добива најголемите јавни набавки? Како тоа само оваа локална и релативно мала фирма, во споредба со многу поголеми од неа, дава секојпат најдобри, а понекогаш и единствени понуди за милионски бизниси? Дали граѓаните со буџетски пари покриваат богатење на криминален картел преку ваквите јавни набавки? Уште колку непродуктивни трошења ќе направи власта на Заев и СДСМ за да се оддолжи на фирмите кои ја спонзорираа СДСМ наназад годиниве? Ова веќе не е само скандалозно и неморално. Ова веќе има сериозни индиции за криминал и надлежните институции треба да го истражат и ако се потврди треба да реагираат за испумпувањето на народни пари во партиски и приватни џебови. Секој ден јавноста е сведок на случаи како крвавиот тендер, скандалозните и криминални иновации кои што преку нив се испумпуваат народни пари,а сега и сомнителни набавки на возила. Криминалниот картел зад превезот со референдум, промена на Устав и промена на име, врши безмилосно ограбување на државата и на сопствениот народ. За тоа ќе мора некој да сноси не само политичка, туку и кривична одговорност, истакнува тој.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This