МИЛИОНИ ЗА СИЈАЛИЦИ: Општина Аеродром го постави најскапото осветлување во Лисиче – една светилка чини 350 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако мислевте дека најскапото осветлување е на некој познат филмски сет веројатно се лaжeтe или можеби не сте отишле во трговскиот центар во Лисиче во скопската општина Аеродром. Токму таму, општина Аеродром денеска се пофали дека ставила таква расвета за која граѓаните плаќаат верувале или не по скоро 350 евра за една светилка.

“Трговскиот центар во населбата Лисиче блесна во полн сјај. За првпат од своето постоење доби целосно ново осветлување. Општина Аеродром ги подобрува условите за живот на сите свои граѓани и станува пример за урбано живеење.” – пишува на постот на фан страната на општина Аеродром или поточно на изменетиот пост.

Претходно од општината во рамки на заложбите за отчетност на фан страната напишала дека за 108 светилки платила 2.2 милиони денари. Веројатно откако сфатиле деке е многу, овој дел го избришале.

Ние пресметавме дека ако со 2.2 милиони денари купиле 108 светилки тогаш за секоја од нив, ние граѓаните сме платиле по точно 20.370 денари. Тоа значи време е да го стартуваме предизвикот… кој може да најде поскапа светилка во Скопје..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This