April 26, 2024, 11:45 am

Милиони плачеа на неговите песни, а само ова момче успеа да го раcплаче кралот Шабан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендарниот пејач на народна музика, Шабан Шаулиќ, се сметаше за суров професионалец, но во суштина беше и голем емотивец.

Секогаш кога запеал, влегувал со секој свој стих под кожа, со својата изведба во срце и душа. Милиони плачеа на неговите песни. Но, ретко кој видел како изгледа кога Шабан ќе заплаче. Кога кралот на народната музика го допира нечија песна, кога ќе заигра и неговото срце, кога нечиј глас прави да затрепери неговио. Толку многу што му навираат солзи на очи.

Токму тоа се случи пред речиси четири години кога големиот Шабан Шаулиќ седеше во жирито на „Ѕвездите на Гранд “.

Младиот натпреварувач Елвин Чавкиќ излезе на сцената и почна да пее, а потоа она што се случи малку кој го очекуваше. Големиот Шабан Шаулиќ не можеше да задржи солзите, ниту пак да ги сокрие од камерите.

Ова е видеото кое го овековечи тој момент, а истото е видено повеќе од 6 милиони пати досега.

Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951 во Шабац, Југославија. Во текот на неговата богата кариера од медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.

Првиот албум на Шабан Шаулиќ излезе во 1969 година, кога имал само 18 години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола.

До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.[4] Неговата жена се вика Гордана за која тој има напишано и издадено хит-песна во албумот Кафанска ноћ (1985) наречена „Гордана“. Песните „Дојди да остариме заедно“ и „И два галеба бела“ се сметаа за најдобри некогаш отпеани народни песни.

Освен овие песни, големи хитови на Шабан Шаулиќ беа и „Увенуче нарцис бели“, „Сине“, „Данима те чекам“, „Снежана“, „Одлазиш, одлазиш“, „Позн’о бих те меѓ хиљаду жена“ и други.

Првата сингл плоча „Дајте ми утјеху“ ја сними во 1969 година за ПГП-РТБ. Оттогаш сними 22 сингл плочи и повеќе од 30 албуми. Шаулиќ е еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ. Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“.

Со својата сопруга Гордана има три деца — Санела, Илдуза и Михајло. Илда е исто така пејачка на новокомпонирана народна музика.

Кума на Шабан Шаулиќ е познатата пејачка Зорица Брунцлиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This