Милиони се во прашање: Еве колку ќе заработи Македонија од секоја побeдa на ЕП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските фанови со нетрпение го очекуваат почетокот на Европското првенство. Нашата репрезентација ќе дебитира на големите натпреварувања и ќе го отвори турнирот против Австрија.

УЕФА оваа година одлучи да им даде шанса на повеќе градови да бидат домаќини. Македонските репрезентативци ќе стартуваат во Букурешт, а Амстердам ќе биде местото каде што ќе го одиграат третиот меч од групата Ц против Холандија.

Познати се и бонусите за секој позитивен резултат во групната фаза. Секоја победа на Македонија ќе ѝ донесе ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА!

За реми нашиот национален тим ќе инкасира 500.000 евра, а ако успее да обезбеди нокаут фаза, ќе добие дополнителни 1,5 милиони евра. Самото учество ќе ја наполни касата на Фудбалската федерација на Македонија за 9,25 милиони евра.

Овие суми се помали во однос на шампионатот пред пет години. Тогаш победата во групите носеше 1,5 милиони евра, ремито 750.000 евра, а победникот заработи десет милиони евра, што е за два милиони евра повеќе во однос на 2021 година.

Извор: Гол.мк

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This