МИЛИОНИ ЌЕ СЕ ФРЛААТ НА ЕКОНОМСКИ ПРОМОТОРИ: Кочо Анѓушев почнува со „роуд-шоуа“ и економски промотори, како во времето на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако во 2017 година владата и премиерот Зоран Заев ги укина економските промотори на Република Македонија, денес ги враќа каде што наместо Агенцијата за странски инвестиции, сега преку Дирекцијата за слободни зони предвидено е да бидат ангажирани околу 30 лица кои ќе бидат распоредени во 3 канцеларии, Америка, Германија Турција.

СДСМ и премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев ветуваа дека за подобрување на економската политика како и за инвестирање на поголем број на странски компании ќе воведат економски атешеа на местото на економските промотори кои беа ангажирани од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, и после две години од владата на СДСМ откако ги повлече економските промотори, никако не заживеа идејата за економски атешеа. Наместо тоа, Анѓушев сега реши повторно да ги врати промоторите кои Македонија ги доби во 2008 година во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а ги имаше вкупни 33 во светот.

Според Анѓушев, надлежностите на економските промотори ќе бидат исти како оние економски промотори на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Првите промотори државата ги доби во 2008 година, до средината на 2017 година имаше вкупно 33 во светот.

Дека СДСМ , премиерот Заев и Анѓушев носат лоши економски политики кои се на штета на државата и граѓаните е се поочигледно. Дали новите економски промотори ќе го имаат истиот успех како оние ангажирани од владата на ВМРО-ДПМНЕ или ќе бидат само партиски активисти поставени на тие функции останува да видиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This