МИЛИОН ЕВРА ЗА НЕВЛАДИНИТЕ: Од парите на граѓаните се финансираат невладини во функција на локалните избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ, Соња Гелова Стојанова изјави дека, наместо парите на граѓаните да се наменуваат за изградба на инфраструктура, здравствени и образовни објекти, владата пред избори ги префрла на невладини организации отворајќи сомнеж за купување на гласови. Затоа Министерството за финансии со денови молчи и не објаснува каде завршија милион евра.

Со еден милион евра може да се изгради едно ново современо училиште во кое младите ќе ги имаат најсоодветните услови за стекнување на своето образование. Владата предводена од Заев не изгради училиште, ниту пак започна да гради, но им даде еден милион евра на невладините организации во рок од еден месец, изјави Соња.

Јавноста сè уште нема добиено одговор за што ќе бидат наменети еден милион евра во пресрет на локалните избори? Дали парите се префрлени на организации кои во минатото вршеа поткуп на гласачи? Дали повторно македонските граѓани се соочуваат со изборен инженеринг и со газење на нивниот глас? , надополни Соња.

Меѓу другото, таа кажа и дека, Невладините организации спроведуваа тригодишна црна кампања против владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во која, ја обвинуваа и за наводната нетранспарентност. Откако СДС влезе во владината зграда која беше уништувана токму од невладините организации, Заев заборави на транспарентноста, а невладините организации молчат по исплатените милионски суми.

Не е познат ниту начинот за распределба на средствата, дали одлуката за префрлување на парите ја вршат токму активистите на невладините организации кои сега работат во Владата на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This