April 25, 2024, 12:20 pm

МИЛИЈАРДА ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА: Германската влада ќе додели уште една милијарда евра за обнова на Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, Германија на располагање стави 4,5 милијарди евра заради ублажување на маките на тамошните луѓе. Сега помошта ја зголемува за уште една милијарда евра.

Германија обезбедува уште една милијарда евра помош за луѓето во Сирија, кои страдаат поради граѓанската војна и за воените бегалци од оваа земја во соседните држави. Кон ова ќе следат дополнителни 300 милиони евра во втората половина од гоината, ако состојбата на сојузниот буџет тоа го дозволува. Ова го соопшти германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска во Брисел, каде се одржува вториот ден од Донаторската конференција за Сирија во организација на ОН и на ЕУ.

На неа учествуваат околу 80 држави. На првата Донаторска конференција за Сирија во 2017. година Германија беше најголемиот поединечен донатор, а од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2012. година, Германија како помош досега исплатила веќе 4,5 милијарди евра.

„Највисок приоритет мора да биде заштитата на цивилното население“, изјави германскиот министер Мас, истакнувајќи дека Германија ги вложува сите напори за повторно да се придвижи политичкиот процес за решавање на конфликтот во Сирија.

Само во Сирија од хуманитарна помош се зависни преку 13 милиони луѓе. Освен тоа, поддршка е потребна и за милиони сириски бегалци во Турција, Либан и во Јордан, за кои е важна и перспективата за враќање во својата татковина. Он се надеваат дека на Конференцијата во Брисел за оваа година ќе се соберат околу 6,5 милијарди евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This