April 26, 2024, 10:55 am

МИЛОРАД ДОДИK: САД нема да не сопpaт, ќе ја напуштиме БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Босанските Срби се заканија дека ќе се отцепат од БиХ.

Република Српска ќе ја напушти БиХ, ни САД нема да нѐ сопрат, изјави српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик.

Тој вели дека БиХ нема да постои на пролет следната година доколку не се врати на дејтонските позиции.

„Сметаме дека Дејтонскиот договор е урнат, пред сѐ со интервенција на меѓународниот фактор“, им кажа Додик на новинарите во источно Сараево.

Тој вели дека се тргнати на пат од кој нема враќање.

Претставници на Република Српска ќе го стопираат донесувањето одлуки во заедничките институции сè додека не се донесе новиот закон за Уставниот суд, најави вчера претседателката Жељка Цвијановиќ.

И претходно во повеќе наврати, властите во Република Српска најавуваа дека сакаат отцепување од БиХ. Тие тврдеа дека не можат да бидат политички заложници на Сараево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This