(Видео) Милошевски: Аферата во пасошите е црна дамка за Македонија поради која ќе го изгубиме безвизниот режим

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот и заменик уредник на Инфомакс, Милош Милошевски, во своето гостување во емисијата на Ицо Најдовски Перин на Радио 3zzz, македонско радио во Австралија зборувајќи за аферата за издавање на македонски пасоши на странски криминалци барани со меѓународна потерница, истакна дека

„Околу 15 пасоши, на самиот почеток се доделени на припадници на нарко картелите од Европа, со цел да се овозможи соработка со службите, поточно со американската ДЕА за разбивање на сите тие канали. Но од лукративни причини, кога полициските службеници увиделе дека од тоа може да се заработи, потоа се издадени уште околу 200 нови пасоши. Тука се издадени пасоши на нарко дилери, на високи членови на тие нарко картели, на терористи, членови на терористички келии, луѓе кои се бореле за ИСИС, коишто се бореле за ИСИЛ.. Ова означува дека македонскиот безбедносен систем е целосно расклинкан. Значи ние не сме во состојба воопшто да се справиме со криминалот којшто е длабоко навлезен во МВР.

Милошевски потсети на случајот со трговецот со дрога од Шпанија, поточно хероин, Луис Волина, за кој не се зборуваше многу во јавноста, кој беше уапсен при крајот летото во 2020 година. Волина се повикал на македонското државјанство и барал да биде екстрадиран назад во Македонија за овде да ја отслужи казната. Во шпаскните медиуми тој беше претставен како Македонинец, односно македонски државјанин.

„Значи овие луѓе, не само што добиле пасoши, тие не се срaмеле ниту да ги користат, и ги користеле. Знаеме дека еден од пасошите бил искористен во обид за убиство во Украина. Значи станува збор за сериозна црна дамка фрлена врз македонската држава во светски размери и доаѓаме до еден сериозен проблем којшто може да ни се случи во блиска иднина, а тоа е од страна на Европската унија да ни биде одземен безвизниот режим кој ни беше даден за време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сега Македонија може да ја изгуби оваа привилегија и да мораме, место да одиме напред и да ни станува животот полесен и подобар, да се вратиме назад како во 90тите и да вадиме визи за да посетиме било која членка на ЕУ“, нагласи Милошевски.

Гостувањето на новинарот Милошевски во емисијата на Радио 3zzz можете да го проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This