МИЛОШОСКИ: битолскиот регион со ваквите рурални развојни зони и поволности ќе стане една голема слободна економска развојна зона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт проектот „Македонија вработува“ ќе продолжи да ги дава поволностите за нови вработување. Ова денеска во Битола го изјави Антонио Милошоски носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од ИЕ 5 по средбата со Комората на занаетчии.

milososki

-Голем дел од овие занаетчии го искористија тој проект „Македонија вработува“ и успеаја и во своите занаетчиски фирми да вработат повеќе луѓе, а со тоа и да си го подобрат производството и пласманот, рече Милошоски.

Тој најави дека посебна важност за битолскиот регион ќе има новиот проект „Рурални развојни зони“ од програмата „РЕАЛНО“  на ВМРО-ДПМНЕ .

-Секој еден странски или домашен инвеститор што ќе сака или ќе биде во можност да инвестира во рурално подрачје надвор од градот ќе добие од 10 до 20 % поддршка од државата за капиталната инвестиција, ќе биде ослободен 10 години, 50% од придонесите што се за плаќање и 10 години нема да плаќа персонален данок и данок на добивка. Тоа значи дека и за секој вработен во тие рурални развојни зони во една фабрика што би ја отворил инвеститор би добил по 2000 евра еднократна помош, а доколку вработи лице кое што претходно било стечаен работник од времето на транзицијата 4000 евра еднократна помош, рече Милошоски.

Додаде  дека околината на битолскиот регион со ваквите рурални развојни зони и поволности ќе стане една голема слободна економска развојна зона  и ги повика сите оние кои што имаат бизнис планови во следните 5 години да ја искористат оваа можност.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This