April 19, 2024, 10:25 pm

МИЛОШОСКИ ГО ,,ФATИ ЖИB”: Заев лaжee дека се сретнал со Порошенко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој вчера случајот со руските комичари и разговорите на македонскиот премиер со „Порошенко” и „Столтенберг” го нарече дипломатски ckaндал на социјалните мрежи пишува дека премиерот заев не остварил средба со претседателот Порошенко во Давос на економскиот форум во јануари годинава бидејќи нивната средба не била спомената во официјалните владини сооопштенија.

– „Дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот Форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското Министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на Whatsapp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат“ – пишува Милошоски на ФБ.

Премиерот Заев, кој е најновата жppтва на руското дуо, вчера кажа дека станува збор за добро организирани структури за ширење влијание на трети страни и дека провокациите доаѓаат од медиуми со антинато ставови. Рече и дека е жppтва на сопствената отвореност и постојана достапност, а и самиот потсети дека тоа им се случило на многу други политичари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This