April 20, 2024, 10:11 am

Милошоски: Димитров и Шеќеринска шират лaжни вести, cyдoт треба да ми прати известување дека предметот е зaтвоpeн а не покана за на cyд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не е вистина дека судот треба да ми врати покана за да се појавам на Суд, вистината е дека треба да ми пратат известување во кое е наведено дека е затворена истрага која против мене ја отвори СЈО и за кое треба да дадам свој коментар, изјави вечерва пратеникот Антонио Милошоски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој ова го истакна во однос на последните обвинувања кои што Радмила Шеѓеринска и Никола Димитров ги упатија на негова сметка дека судот не може да го најде за да му достави покана.

– Требаше да ми пратат известување дека е завршена истрагата и дека имам право да направам увид во списите а и јас да понудам свое гледање на тие работи. Но, јас не знам зошто Никола Димитров и Радмила Шеќеринска одбираат да шират на таков начин лажни вести, рече Милошоски.
Милошоски додаде дека место да шират лажни вести, Шеќеринска да каже до кај е изградбата на детското одморалиште во Битола пред која таа заедно со поранешниот пратеник Павле Богоевски, се сликаа и ветуваа негова изградба а и после четири години нема ни иницијатива за негова изградба.

– Радмила Шеќеринска треба да збори зошто не е направено детското одморалиште во Битола во Пелистер, каде што заедно со Павле Богоевски се сликаа и таа вети во 2016 година дека тоа ќе биде завршен проект, а нема ништо од тоа. Зошто не е обновен Копанки во Битола, Шеќеринска го вети 2016 година а нема ни К од Копанки. Зошто не е направен автопатот Меџитлија, Буково, Прилеп кој го вети Радмила Шеќеринска а нема ништо од тоа, додаде Милошоски.
Тој смета дека во немање реализација на ветени проекти, Шеќеринска мора да измислува лажни теми и противници и да се навраќа со години наназад од Груевски до Глигоров па и Кљусев, за што ќе доживеат и голем пораз на престојните избори.

– И сега Радмила мора да измислува нови противници, нови теми, лажни теми. Да зборува за Груевски, да зборува за Киро Глигоров, да зборува за Клјусев, да се враќа пет-десет години наназад за да народот заборави што Шеќеринска ветуваше пред четири години. Затоа мислам дека ќе доживее голем пораз, констатираше Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This