МИЛОШОСКИ ДО ДИМИТРОВ: Го молеше Груевски да те назначи за специјален советник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антонио Милошовски денеска од собраниската говорница откри дека Никола Димитров кога бил разрешен од страна на поранешниот претседател Бранко Црвенковски од функцијата специјален претставник за името, отишол да го моли Никола Груевски да го назначи за специјален советник.

-Во 2008 година имаше еден Претседател на државата кој го разреши специјалниот претставник за името. Тој се вика Бранко Црвенковски. Вечерта, откако одлуката тука, во Собранието беше пуптена дека Димитров е разрешен од специјален претставник од преговорите за името, уште вечерта првата адреса на која што појде Димитров, беше Никола Груевски: „Земи ме за специјален советник“. Одработи добро како специјален советник и беше награден за амбасадор во Хаг. Затоа вие не ми зборете за какви биле вашите односи со Груевски затоа што многу добро ги знам. Многу добро ги знам и самата ваша биографија го говори тоа. Ако тој вас ве предложил да бидете амбасадор во Хаг, зошто не одбивте? Зошто би сакале да му служите на човек кој што го критикувате? Зошто би сакале да му служите на премиер кој не го почитувате? Тоа значи дека вашата кариера била поважна од тоа кој ви понудил кариера, рече Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This