МИЛОШОСКИ ДО ЗАЕВ: Лажнaa вест беше кога изјавивте дека Фејсбук и Гугл ќе инвестираат во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на собраниската седница за пратенички прашања изјави дека власта е најголем произведувач на лaaжни вести.

Милошоски наброи дека Владата преку соопштение дала лажна вест кога известила дека Зоран Заев и Доналд Трамп оствариле средба , а всушност се работело за куртоазно ракување, лaaжна вест било кога изјавил дека Фејсбук и Гугл ќе инвестираа во Македонија, а никаде ги нема.

Претходно Милошоски истакна дека советникот на Заев, Љупчо Зафировски немал никаква врска со Франција тука бил ангажиран за да помага на фирмите на Заеви за извоз на производи.

-Легендрен стана посебниот советник на Заев, Љупчо Зафировски затоа што и покрај сите настојувања премиерот не сака да одговори кој го потпишал договорот, ниту пак е достапна неговата биографија. Заев рече дека Зафировски имал посебни контакти со францускиот претседател Емануел Макрон. Но еве да расчистиме кој е Зафировски. Чепкајќи по неговата биографија дознаваме дека тој во 1999 година основа фирма за прехранбени производи под име „Фортуна“. Потоа таква фирма основа и во Струмица. Зафировски нема никаква врска со Макрон туку со фирмите на Заеви на кои им помага да извезуваат прехранбени производи во Србија. Затоа ја крие неговата биографија – рече Милошоски и додаде дека не е задоволен од одговорот на премиерот.-изјави Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This