МИЛОШОСКИ ДО ПАВЛОПУЛОС: Македонија е грчка, колку што е Аљаска руска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на грчкиот Претседател и прозивката од Пападакис и порача дека: Македонија е грчка, колку што е Аљаска руска.

antonio-milososki2

„По прозивката на Јоргос Пападакис за изјавата на грчкиот Претседател:

„Македонија е грчка, колку што е Аљаска руска. Но, сепак би рекол дека има нешто Фројдовско во потребата на Претседателот Павлопулос токму во градот Воден да изјави дека Македонија е една и грчка. Тој си знае зошто.

А кога станува збор за Македонија, она што го знаат и тој и сите земји членки на Обединатите Нации е дека пресудата од Судот во Хаг е една и меѓународна, ниту грчка, ниту македонска. Затоа во име на владеењето на правото, време е официјална Атина да ја примени пресудата од Хаг.”, напиша Милошоски.

antonio-milososki-fb-makedonija

„Македонија била, е и ќе остане грчка“ изјави завчера во Воден грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и им се закани на македонските власти дека со иредентистички тврдења нема да се приклучат кон ЕУ, бидејќи ги кршат европските принципи.

Вчера се јави Јоргос Пападакис, претставник на македонската партија во Грцијан Виножито, членка на Европската слободна алијанса (ЕФА). Тој ги повика министерот за надворешни работи Никола Попоски, пратеникот Антонио Милошоски, македонскиот амбасадор во Атина Дарко Ангелов и амбасадорот Андреј Лепавцов во Брисел некако да реагираат. „Ќе реагира ли Македонија на изјавата на Павлопулос?“, праша Пападакис.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This