МИЛОШОСКИ ДО ШИЛЕГОВ: Ние од ВМРО-ДПМНЕ сме сплотени меѓу себе и со народот и затоа ве победуваме по 10-ти пат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние како ВМРО-ДПМНЕ сите сме заедно, со партијата, со народот, со претседателот и затоа ве победивме по 10-ти пат, му одговори кандидатот за пратеник и носител на листа, Антонио Милошоски.

 

milososki-fejsbuk

-Петре Шилегов, немај гајле…, ние како ВМРО-ДПМНЕ сите сме заедно, со партијата, со народот, со Претседателот. Како резултат на таа сплотеност ве победивме по 10ти пат на избори, а народот Ви покажа што мисли за Вашите деструктивни сценарија и политички кризи. СДСМ ги изгуби изборите, Шилегов исто така! Поразениот има право да се лути, и цивилизирана обврска да честита! И кратко за мене и за тебе. Не мешај професија (адвокат, лекар, нотар, професор) со политички мандат. Иако имам решение за Нотар (во мирување), сепак со голем ентузијазам ќе учествувам во работата на Собранието на Република Македонија, каде очекувам Ти, Заев и Шеќеринска да бидете дел од конструктивната опозиција! Vox populi, vox Dei! Да живее Република Македонија, напиша Милошоски на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This