МИЛОШОСКИ: Државата доби претседател избран со кредит и политичка хипотека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ му посака успешен мандат на новиот претседател Стево Пендаровски, но пратеникот Антонио Милошоски изјави дека државата доби претседател избран со кредит и политичка хипотека.

– Доби политички кредит од политичари и партии кои ќе очекуваат тој кредит да им се врати. Враќањето на тој кредит нема да биде од страна на Пендаровски, туку од политичарот со кого тој се согласува 102,5 отсто, според неговите зборови, рече Милошоски.

Според пратеникот на опозициската партија, во иднина ќе гледаме кои фактури ќе стигнат на сметка на Владата и на државата.

– Таквото враќање на политичкиот кредит најмногу ќе ги разочара тие кои со доверба и големи очекувања гласале за Пендаровски, додаде тој.

Од денес, истакна тој, СДСМ и ДУИ ја имаат апcoлутната власт во државата.

– Имаат Собрание и мнозинство и министри, мнозинство на градоначалници и претседател на држава. Апcoлутната власт носи апcoлутна одговopност, но понекогаш апcoлутната власт е многу коpyмпира, рече пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ.

Милошоски вели дека е многу чудно и невообичаен сигнал што на инаугурацијата на Пендаровски не присуствува премиерот Зоран Заев.

– Ќе видиме следниве ден – два што ќе се случува и дали следните денови ќе дадат објаснување за неговото отcyство, рече Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This