Милошоски: Единствен карневал кој што е дозволен во оваа држава е само карневалот во Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што се случи денеска во Вевчани, еден карневал кој е традиција веќе 1400 години, кој не бил забранет ниту во Османлиско време ниту во било која окупација, ниту во било која администрација – што би рекол еден премиер, е само лице на власта која што нема демократски капацитет да поднесе критика и демократско исмејување. Карневалот во Вевчани е една традиција која што има свој верски, свој пагански и локални обреди, обичаи, но во духот на карневалот е критиката на власт. И мислам дека интервенцијата на полицијата и растурањето на карневалот е маската која што ја носи власта и несака да ја симне, изјави пратеникот Антонијо Милошоски и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски истакна дека власта сама покажала дека единствениот карневал кој што е дозволен во оваа држава е само карневалот во Владата. Каде што се распишуваат тендери, се трошат буџетски пари, се работи недомаќински, не се решаваат проблемите на граѓаните, а секој друг карневал кој што ќе биде критика на ваквото лошо владеење се обидуваат да го угушат и да го забранат.

За да биде парадоксот поголем, се слушува на еден голем празник и за Вевчани и за многу христијани во Република Македонија и е непринципиелна интервенција затоа што власта на Заев, сите видовме, дека не интервенираше во Штип кога после изборите имаше музика, собирања, играње, седенки и тоа беше јавно објавувано, затоа што тоа го правеа функционери на власта и власта се правеше слепа. А во Вевчани се дигна цела полиција како небаре се работи за некое Вевчанско востание. Затоа сметам дека ваквото однесување на власта заслужува осуда, бидејќи ако денеска ова го направија во Вевчани, кога полицијата реагираше врз стотина маскирани голораки жители на тој град, утре тоа може да го направат и на друго место. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова Македонија го осудува ова недемократско однесување на полицијата на Заев, рече Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This