March 28, 2024, 12:34 pm

МИЛОШОСКИ: Заев да стои на зборот и да ја поднесе најавената оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реализација на неколку инфраструктурни проекти кои се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето на новата Влада најави денеска Антонио Милошоски.

milososki-640x326

Станува збор за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, нов патен правец од Кичево до Дебар преку Бошков мост, како и автопатска делница од Струга до Требеништа, проекти кои ќе отворат нови работни места и за кои како што вели Милошоски, граѓаните го дале својот глас на парламентарните избори.

Милошоски порача дека лидерот на опозицијата не ја доби довербата на граѓаните и оти треба да си го одржи зборот и да ја поднесе најавената оставка.

Автопатот од Кичево до Гостивар, како што е предвидено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се гради во должина од 42 километри, со две коловозни ленти широки по  3,75 метри и по една застанувачка лента во двата правци.

Исто толку ленти ќе има и автопатот од Струга до Требеништа, што ќе биде во должина од 8,5 километри.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This