Милошоски закажа седница на Комисијата за надворешни работи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во четвротк во 11 часот треба да се одржи седница на Комисијата за надворешнa политика. Темата на седницата е актуелните настани помеѓу Македнија и Бугарија. Милошоски посочи дека пратениците во Собранието, заедно со владата, мора да утврдат заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија, кој претставува историски анaхронизам, спротивен на европските повелби за човекови права.

Mилошоски јавно го сподели дневевниот ред поради интересот на јавноста за оваа тема, а најави и дека очекува дискусија и јасен став по ова битно прашање.

Достоинството и самобитноста на македонскиот народ е европска културна, книжевна и јазична вредност и затоа ЕУ треба да отвори преговори за членство без дополнителни уцени!, потенцираше Милошоски.

Тој додаде дека е сигурен дека службите во Собранието и пратениците ќе ги спроведат и почитуваат сите здравствени протоколи, за да можат поканетите министри да се чувствуваат сигурно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This