МИЛОШОСКИ ЗА ИНФОМАКС: Тимоние ги пренесе пораките на Макрон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски со жестоки критики за во најмала рака „несолената“ изјава на екс амбасадорот кадар на СДСМ, Ѓорѓи Спасов кој побара францускиот амбасадор Кристијан Тимоние да си замине од Македонија, откако вчера жестоко ја искритикува македонската Влада. Поранешниот македонски амбасадор Ѓорѓи Спасов се огласи на Фејсбук по вчерашната прес-конференција на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и отворено му порача на дипломатот да ја напушти амбасадорската функција.

За Милошоски некоректно е Спасов како поранешен амбасадор да го навредува Тимоние со оглед на тоа што поранешниот макеоднски амбасадор добро ги разбира работите и е свесен дека францускиот амбасадор добил задача од француската држава да ги пренесе овие пораки.

-Разбирам партиска разочараност на Спасов како кадар на СДСМ. Но, не е коректно од Спасов како поранешен амбасадор да го навредува Тимоние, бидејќи тој совршено добро знае дека Тимоние како актуелен амбасадор добил задача од француското МНР да одржи прес и да ги прати тие пораки кои ги слушна македонската влада и јавноста, изјави Милошоски за Инфомакс.

Да се потесетиме што напиша Спасов вчера на Фејсбук:

„А Тимоние ја навредува нашата интелигенција. Става сол на лута рана. Се прави како се да знаел многу од порано. Решавањето на спорот за разликите околу името било само еден од условите . Ништо посебно. Сите наши напори и достигања ги стави под нозе.

Еден ден таков дипломат ќе се срами од своето подаништво.

Многу дипломати на САД и на Велика Британија ги напуштаа своите функции кога ќе оценеа дека нивната земја постапила не фер према земјата домаќин во која тие се дојдени со цел да ги унапредуваат односите.
Но, Тимоние ја нема таа големина. За него важи онаа афористична дефиниција:”Дипломат е чесен човек пратен во странство да лаже во интерес на својата земја”. Дали ова што го прави е вистина во интерес на неговата земја е прашање. Но еден ден ќе се дознае.

Верувам дека и тој и Макрон веќе добиле честитки од Владимир Путин. Ова е во најдобар интерес на Русија која би била задоволна проширувањето на ЕУ да запре со приемот на Словенија и на Хрватска на Балканот. Ако говориме отворено како Тимоние“, напиша амбасадорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This