МИЛОШОСКИ ИРОНИЧНО: Поднесувам неотпивиклива проевропска оставка од сите партиски функции, заради тоа што…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антони Милошоски иронично го исмева последниот бран на оставки од функционери на опозицијата кои не успеаја да се издигнат над моментот и се откажаа од партијата во најлошиот можен момент.

Имено тој коментира дека во Мај 2008ма година го потпишал Договорот за стратешка соработка Македонија – САД кој сега се појавува како пречка на безалтернативниот евроатлански пат. Тој иронично понесе и лична одгвороност за тоа што додека тој е министер во 2009/10 година Македонија доби безвизен режим за патување со македонски пасош во земјите на ЕУ и со тоа ја втурнал ВМРО-ДПМНЕ во антиевропски изолационизам и меѓупартиски токсични игри.

Јас, Антонио Милошоски, поднесувам неотпивиклива проевропска оставка од сите партиски функции, заради тоа што

1. во Мај 2008ма година го потпишав Договорот за стратешка соработка Македонија – САД, и со тоа сум создал услови за зголемено руско влијание во земјава, кое во овие клучни моменти за нашата партија и држава се појавува како пречка на безалтернативниот евроатлански пат, и

2. затоа што носам лична одговорност што како држава во 2009/10 година добивме безвизен режим за патување со македонски пасош во земјите на ЕУ, а тоа очигледно било само чин на лажен патриотизам кој дополнително не’ втурна во антиевропски изолационизам и меѓупартиски токсични игри.
3. И сатирата е порака!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This