МИЛОШОСКИ МУ ГО ПЛЕСНА НА ТУСК: Не сте старомоден туку со двојни стандарди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМН и поранешниот македонски министер за надворешни работи Антонио Милошоски му го плесна на Твитер на претседателот на Европски совет, Доналд Туск, кој на својот профил напиша дека cyдиите, a не политичарите треба да одлучуваат кој е виновен, а кој не.

„Средба со премиерката Данчила во врска со претседавањето на Романија со Совет на Европска унија, самитот во Сибиу и владеењето на правото. Можеби сум старомоден, но и понатаму верувам дека на судиите е, а не на политичарите, да одлучат кој е виновен, а кој невин“, твитна Туск.

Милошоски му посочи на Полјакот  дека не е старомоден само лицемерен и со двојни стандарди. Туск на е на чело на колективното тело на ЕУ што го сочинуваат шефовите на држави или влади на земјите-членки, како и претседателите на Европска комисија и на Европски совет.

„Не сте старомоден, господине Туск, само со двоен аршин. Бидејќи кога премиерот Зоран Заев го донесе селективниот закон за aмнecтиja со цел да ‘убеди’ уште осум пратеници за промена на Уставот на Македонија, верувавте дека е на политичарите, а не на cyдиите да одлучат кој е виновен, а кој невин“, му одговори пратеникот Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This