МИЛОШОСКИ: Не ни треба федерализација и двојазичност, ни требаат три автопати што се градат и уште три што ќе ги почнеме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска од Кичево сакаме да упатиме една порака, кичевчани и стружани, најдобро знаат што значи да ја плаќаш грешката на политичарите на сметка на националните интереси. Затоа на овие избори, нас не ни требаат нови федерализации, не ни требаат два јазици, не ни требаат три официјални јазици, ни требаат три автопати кои што ги градиме и уште три нови кои што сакаме да ги почнеме, истакна истакна Антонио Милошоски, носител на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Кичево.

1milososki6

Тој посочи дека ни е потребна стабилна политичка клима за да може економијата да ни биде приоритет.

-Затоа апелираме и од Кичево и од Струга, до сите битолчани, до скопјани до штипјани, до велешани, до струмичани. Се работи за Македонија, некои грешки не можат да се поправат и затоа треба сите да работиме за заедничкиот интерес. Ни треба стабилно Собрание со 63 пратеници, да формираме стабилна Влада и да работиме за доброто на државата, без да има други политички кризи. И сигурен сум дека ќе освоиме една победа од која што и народот ќе биде задоволен, а и државата ќе оди напред, заклучи Милошоски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This