МИЛОШОСКИ ПО СРЕДБАТА ВО ВЛАДА: Се договоривме за финансирањето на обвинитeeлcтвото и за поголема одговорнocт на обвинитeeлите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заврши средбата во Влада меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за Предлог-законот за јавното обвинитeeлство со кој треба да се регулира и статусот на СЈО, пренесува Република.

На средбата, меѓу другото, партиите постигнале договор да излезат со усогласени ставови и да не изнесуваат повеќе информации додека не се постигне конечен договор за прашањата за кои можат да се доближат.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски за „Република“ изјави дека средбата била конструктивна и дека се договориле „околу финансирањето на обвинитeeството и за поголема одговорност на обвинитeeлите“.

Задоволни сме од средбата, затоа што беше продуктивна. Се постигнаа приближувања на ставовите по две точки од областа за обвинитeeлство. Првата точка за која разговаравме беше зголемување на буџетот на целото јавно обвинитeeлство, со тоа што утврдувањето на конечниот процент би ја утврдиле по дополнителни консултации со Министерството за финансии, вели Милошоски за „Република“.

Втората тема што била разговарана на средбата и партиите постигнале согласност е со зголемувањето на буџетот на обвинитeeлството, да се зголеми и индивидуалната и колективна одговорност на обвинитeeлите, односно обвинитeeлствата.

Нова средба ќе има деновиве пред Илинден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This