МИЛОШОСКИ РАЗМИСЛУВА ЗА КАНДИДАТУРА: Не е толку важно кој ќе биде следниот претседател, туку важно е да се донесе нов концепт на работа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оставката на Никола Груевски ќе биде прифатена денес, бидејќи тој ја најави како неотповиклива, изјави Антонијо Милошоски пред одржување на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва.

Тој најави дека денеска ќе се утврди дневниот ред на конгресот кој што е закажан на 23 декември. Милошоски најави дека денес ќе се утврди и рокот за доставување на кандидатури за избор на нов претседател на партијата.

– Кандидатурите претпоставува ќе треба да се поднесат неколку дена пред конгресот, а кандидатите ќе треба да ги исполнуваат условите согласни статутот на партијата, рече Милошоски.

– Статутот е тој што го имаат прифатено и изгласано сите членови, делегатите ќе бидат исти без да бидат менувани кои биле на претходниот конгрес. Помалку е битно новото име за претседателот на партијата повеќе е битен новиот концепт за делување на партијата како една здрава опозиција. Ќе видам дали ќе поднесам кандидидатура има време. Важно е да имаме добар избор, потенцираше Милошоски.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This