Милошоски: Секој кој ќе претрпи посериозни последици од Ковид 19 има право да ја тyжи државата за зaгрозување на животот и здравјет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тужби за загрозување на животот и здравјето! Од пред два дена во Србија, Грција, Словенија, Турција и други земји во регионот започна вакцинирањето против Ковид19, како здравствена мерка, пишува на Фејсбук Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочува дека во Македонија државата нема набавено ни вакцина, ниту има стигнато милостина од државите кои навремено си обезбедиле вакцини од производителите.

-Со тоа од страна на државата сериозно е повредено граѓанското право на живот, со ненавремена и неефикасна здравствена заштита. Затоа од вчера па натаму, секој граѓанин или семејство, кој/кои ќе претрпат посериозни штетни здравствени последици од Ковид19, или истото резултира со трагичен исход по животот на граѓанинот, има законско право да ја тужи државата за тоа и тој/таа или блиското семејство да бара обесштетување. Основа за заштита на ова право на граѓанинот, како и основа за тужба пред македонските судови или пред Судот во Стразбург се членот 39 од Уставот, член 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како и обврските на државата утврдени во Законот за здравствена заштита, стои во објавата на Милошоски.

Тужби за загрозување на животот и здравјето!Од пред два дена во Србија, Грција, Словенија, Турција и други земји во…

Posted by Antonio Miloshoski on Saturday, December 26, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This