МИЛОШОСКИ: Сите оние кои не се задоволни од политиките на Заев ќе гласаат за Силјановска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи во своето гостување на МРТ, анализираше дека овој пат граѓаните на претседателските избори нема да гласаат по етничка, верска, партиска или социјална припадност. Тој истакна дека овој пат гласачите ќе се определат за кандидатот на власта или на опозицијата врз основа на задоволството од политиките на Зоран Заев.

-Овој пат граѓаните ќе гласаат, тие граѓаните кои се чувствуваат дека се задоволни од ова владеење, од начинот на владеење, од здравство, од cyдство од образование од земјоделие, од инвестиции, од кopyпција од што и да е, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми ли Срби или Власи. Тие што се задоволни од сегашната, денешна нива живеачка и начинот на кој што владата управува со системот и ги остварува своите ветувања, тие ќе гласаат за кандидатот на власта. Тие граѓани кои што не се задоволни затоа што има високо ниво на кopyпција, нереализирани проекти, измaмeни граѓаните, дадени лaжни ветувања, би рекол можеби некое делумно шepифско однесување на дел од градоначалниците, без разлика да се Албанци, Македонци, Роми, Турци, Власи или Бошњаци ќе гласаат за кандидатот на опозицијата. Затоа сметам дека поделбата на гласачите овој пат нема да биде по етничка, социјална или политичка осова. Ние ќе имаме гласачи кои што имаат подобар живот и се определиле како знак за благодарност да гласаат за Стево Пендаровски и за власта и гласачи кои што не живеат подобро и не се задоволни од начинот на владеење и без разлика на политичка или етничка  припадност би гласале за професорката Гордана Силјановска, вели Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This