МИЛОШОСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ЃОРЧЕВ: Тој има потенцијал – ќе го поддржам на Конвенцијата за претседателски кандидат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Антонио Милошоски, на Фејсбук, изрази поддршка за претседателската кандидатура на Владимир Ѓорчев.

Милошоски му честита на колагата и кажа дека, како делегат, ќе го поддржи на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Колегата Владимир Ѓорчев се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенцијата. Му честитам за мотивираноста и како делегат на Конвенцијата во Струга ќе ја има мојата целосна поддршка. Најбитното за ваквата поддршка е тоа што со Ѓорчев споделуваме блиски гледишта за надворешно-политичките приоритети на Република Македонија (втемелени на македонско-американското стратешко партнерство што го потпишав во 2008 година, стратешкото партнерство со Турција, партнерските односи со државите членки на ЕУ и определбата за проактивна мултилатерална дипломатија во ОБСЕ, ОН и Советот на Европа). Го ценам тоа што Влатко Ѓорчев како личност цврсто се залага за промоција на семејните вредности како темелна основа во општеството, а како пратеник одлично знае што значи да се биде непосредно избран од граѓаните, како темелна вредност во демократијата.
Негласањето на незаконскиот референдум, каде мнозинството Македонци јасно беа против октроираниот проект на Заев за менување на уставното име на Македонија, беше правилен став и на Влатко Ѓорчев, но и став на најголемиот број на гласачи во цела држава. Од 2006та наваму Ѓорчев успешно го потврдува неговиот изборен легитимитет, а довербата од гласачите со победнички резултат ја има потврдено како во третата, така и во шестата изборна единица. Како секретар за меѓународни односи на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев има стекнато значајно искуство и ценам дека достоинствено го следи примерот на Борис Трајковски, кој го постави колосекот на партиските меѓународни контакти пред да биде избран за претседател на државата. Убеден сум дека Владимир Ѓорчев има потенцијал да ја добие поддршката на најголемиот број на делегати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на 16ти Февруари во Струга. Со среќа и со успех! – напиша Милошоски.

Колегата Владимир Ѓорчев се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенцијата. Му честитам за…

Posted by Antonio Milososki on Wednesday, January 23, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This