April 23, 2024, 11:01 am

Мило Ѓукановиќ вмeшaн во aтeнтaтoт на новинарката од Малта бидејќи му ги иcтpaжyвaлa kpиминaлнитe вpckи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синот на Дафне Карауна Галиција, новинарката убиена пред речиси три години на Малта, Метју Караун Галиција денес ијзави дека претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ бил клучна личност во новинарското истражување на неговата мајка додека пишувала за случајот во врска со Можур.

Тој во интервју за подгоричкиот весник „Вијестима“ наведува дека неговата мајка ја истражувала врската помеѓу Ѓукановиќ, премиерот на Малта Џозеф Мускат и владејачките елити во Азербејџан.

„Мојата мајка истражуваше што владини претставници од Малта правеле во Црна Гора. Особено активностите на Конрад Миција, Џозеф Мускат, Тицијано Масуа, фирмата ‘Виталс Глобал Хелткер’ (ВГХ) и Рама Тумулурија, како и фирмата СОЦАР во Црна Гора. Клучната особа која ја истражувала новинарката е Мило Ѓукановиќ како пандан на Мускат во Црна Гора“, вели Галиција.
Објаснува дека Дафне истражувала за врската помеѓу Ѓукановиќ, Мускат и владејачката елита во Азербејџан, чија врска со владините претставници од Малта и претставниците на „Шонгај Електрика“, компанија која е под контрола на кинеската влада, како што вели, веднаш предизвикала сомнеж.

Додава дека „Универзал капитал банка“ е вмешана во сомнителни трансакции кои вклучувале луѓе, компании и банки од Црна Гора.

„Јорген Фенех добивал уплати од ‘Мејор Транс ЛТД’ регистрирани на Сејшелите позади која како покритие стои човек од Азербејџан, на својата 17 сметка на ‘Блек ЛТД’ во ‘Нор Банка’ во Дубаи. Тие уплати пристигнувале од сметки во АБЛВЍ банка во Летонија, која е затворена поради загриженост во врска со перење на пари. ‘Мејор Транс ЛТД’ исто така има сметка во ‘Универзал капитал банка’“, открива Галиција.

Според неговите збориви, постои можност сметката во „Универзал капитал банка“ во Црна Гора да е користена како црн фонд за корупција во Европа, нешто што треба да го привлече вниманието на американското Министерство за финансии и Европската банкарска агенција.

Метју Галиција, кој исто така е новинар, по трегичниот настан го напушти Меѓународниот конзорцијум на истражувачки новинари и во потполност се посвети на продолжение на истражување на случајот во врска со убиството на неговата мајка.

Со својот татко и браќата основаа фондација „Дафне Каруана Галиција“ со цел подобрување на владеењето на правото на Малта, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This