МИЛЧИН ДО СДСМ: Научете се дека власта треба да се kpитикува, седнавте во фотелјите и се забopaвивте

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 гостуваше Владимир Милчин. Во текот на неговото гостување се јави Никола Наумовски, шеф на кабинет на Шилегов кој му посочи дека многу критикува. На ова Милчин му врати дека време е да се научат на критики, бидејќи за овие две години освен тргање на споменикот Ќосе и оградата од Влада, друго ништо немаат направено.

Вие ветивте дека ќе расчистите со ужасите на „Скопје 2014“ и не го направивте тоа, и не го правите. Освен тоа што го тргнавте Ќосето и оградата околу Владата. И немате право да критикувате и да ги напаѓате тие што ве критикуваат. Научете се дека власта треба да се критикува. Мислев дека таа лекција ја знаете, ама не не ја знаете, односно сте ја заборавиле откако сте седнале во фотелјите. И доста е веќе од тој терор, истакна Милчин на Наумовски.

Милчин додаде дека според Карл Маркс треба да се критикува се постоечко, а тоа треба Наумовски да го прочита.

Никола јас имам една препорака да прошеташ низ Градски парк малку, до Франкофонија, да видиш на што личи, па после да ми држиш лекции. Прошетај до Паркот на Франкофонија, нагласи Милчин бидејќи Скопје станува се повалкан град, и сегашниот градоначалник и неговиот тим ништо не сторија добро за градот, иако го ветуваа на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This