Министерката за образование ги гледа децата како „нивните“ и „нашите“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предвремено започнување на зимскиот распуст на учениците оваа година не е потребен, бидејќи во училиштата нема значително ширење на болеста, се огласи министерката за образование и наука Мила Царовска, како одговор на предлогот на опозицијата по ова прашање.

Царовска рече дека иако опозицијата го дала овој предлог не слушнала аргументи со кои тој би бил оправдан, наведувајќи дека бројот на заразени ученици и наставници во наставата со физичко присуство во целата држава е помал од 1 процент. Првото полугодие на учебната 2020/2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021.

– Во моментов активни ученици со физичко присуство се 79, што е 0,06 проценти од вкупниот број ученици, и 148 наставници до вчера, што е помалку од 1 процент од вкупниот број наставници во нашата држава. Ова се факти кои зборуваат дека интерно ширење на болеста во училиштата нема, дека образовниот систем е стабилен и училиштата ги почитуваат мерките и здравствените протоколи. Токму затоа продолжуваме да го спроведуваме Планот од Владата за учебната 2020/2021, според кој второто полугодие ќе почне на 21 јануари, а на крајот на годинава ќе заврши првото полугодие, рече Царовска на прес-конференција посветена на буџетот за образованието за 2021.

Образовниот процес и систем се надпартиски, се работи за сите деца – и нивните и нашите, рече министерката. Нагласи дека е секогаш спремна за дискусија со опозицијата и со сите што имаат различен став, доколку тие се базираат на аргументи и факти значајни за да се донесе поинаква одлука, но дека такви аргументи и факти не добила од опозицијата.

Не е познато дали министерката мисли дека неработењето на он лајн платформата за образование која самата ја најави и учествува во нејзината имплементација и реализација исто спаѓа во категоријата „образовниот систем е стабилен“?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This