April 24, 2024, 10:38 am

МИНИСТЕРОТ ЗАЕВ ПOTФРЛИ: Kaтастрофална реализација на капиталните инвестиции, ќе се измете ли самиот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само 85,8 милиони евра потрошила државата за капитални инвестиции за половина од годинава. Сумата е само 20 отсто од предвидените пари за оваа намена за цела година. Во буџетот за 2019 година на име капитални инвестиции Владата предвиде над 422 милиони евра, но како и лани слично и годинава, токму овие трошења најсалбо се реализираат.

Во капитални инвестиции влегуваат изградбата на таканаречени капитални проекти како железница, гасовод, училишта, градинки, спортски објекти. Трендот продложи и трае уште од лани, а позанвачите велат дека ова се должи на лошто планирање на буџетот. Иако капиталните инвестиции и за време на претходната власт први настрадуваа при ребалансите затоа што не с етрошеа по предвидениот план, сепак во последните две буџетски години, реализацијата е исклучително лоша. Лани за едно полугодие беа потрошени 16,5 отсто од овие пари, сега годинава само 20 отсто.

Инаку моменнтно функцијата министер за финансии ја врши премиерот Зоран Заев, откако од таа позиција беше сменет Драган тевдовски. Експертската јавност е категорична дека требаше даима поширока одговорност за ова прашање.

Заев најави дека е можно да има ребаланс на буџетот по летото. Цело време се тврди дека буџетот е во одлична кондиција и даночните приходи се реализираат со предвидената динамика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This