МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА НЕ ГЛЕДА НИШТО СПОРНО ВО СПОТОТ НА БАЛИCТИТЕ:Адеми е истиот министер кој го прогласи за националиcтички филмот на Јани Бојаџи „Ругање со Христос“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако постојано ја негираат Македонија, ја исвиркуваат химната, пропагираат формирање на Илиpида, пеат зс Голема Албанија, навивачите на Шкендија, кои себеси се нарекуваат „Балисти“, станаа промотори на земјава благодарение на Министерството за култура, кое реши со буџетски пари на скандало3ен начин да финансира промотивен клип во кој главна улога имаат тетовските хулигаHи.

Министерот за култура Асаф Адеми не гледа ништо спорно што со државни пари, преку Министерството за култура, финансиски е поддржан дел од проектот на Бнавивачката група на Шкендија, Балисти, „Запознајте ја Македонија“, со кој јавноста треба да се запознае со спортскиот живот во Тетово, особено со клубот Шкендија и неговите навивачи.

Ако го посетите Тетово нема да запознаете човек, без разлика дали е млад или стар, кој нема да каже ‘јас сум Балиcт’. Песните кои ги пеат, кореографиите кои ги прават, тоа е шоу што не се пропушта, е делот од пропагандата од 90 секунди наменета за навивачите на тетовскиот клуб.

На вчерашната средба со новинарите, на која Адеми даде отчет за реализараното во 2018 година и најави дел од проектите за идната година, тој потенцира дека проектот бил платен 150.000 денари и дека бил избран преку апликација со која лице од Тетово учествувало во проектот „Запознај ја Македонија“.

Во апликацијата, што беше доставена до нашето министерството за проектот ‘Запознајте ја Македонија’ од лицето Фатон Ислами беше наведено дека во три различни градови – Тетово, Кратово и Кичево, преку снимени и видеоматеријали ќе се промовираат некои особености и автентичноста од култриното живеење во овие градови. Ниту во доставената апликација, ниту во описот на проектот, ниту, пак, во видеото што го погледнав, нема говор на омраза, ниту, пак, повикување на насилство, рече Адеми и побара од новинарите да бидат коректни при поставувањето прашања.

Видеото кое вчера се појави на социјалните мрежи најверојатно никој од Министерството за култура воопшто и не го прегледал пред да биде објавено, со оглед што на министерот Адеми не му беше познато дека во него ќе се појавува навивачката група „Балисти“, кои, според авторот, се симболот на Тетово и причина поради која треба да се посети овој македонски град (?!). Првиот човек задолжен за културата исто така не забележал дека во спотот се појавува политичка парола, па дури и тврди дека такво нешто немало во спорното видео.

Нема такво нешто, јас го погледнав видеото. Ако има, тогаш инспекцијата ќе оди и ќе преземе конкретни активности, изјави министерот.

Спорната парола се појавува во втората половина од видеото и е навредлива за Србите, кои во неа се нарекуваат „канцерот на Европа“, а се појави на натпревар на Шкендија во текот на минатата сезона.

Адеми е истиот оној министер кој пред неколку месеци само врз основа на виден трејлер го прогласи за националиcтички филмот на Јани Бојаџи „Ругање со Христос“, кој ги навредува чувcтвата на Албанците.

Овде сите се Балисти, горди Балисти
Професорката Билјана Ванковска се приклучи на жеcтоките реакции на јавноста што Министерството за култира на Република Македонија спонзорира промотивен видеоспот на навивачката група на Шкендија, Балисти, во кој Република Македонија е пре3ентирана од нивни агол. Спотот изобилува со говор на омpаза

И ова е финансирано од Министерството за култура! Ова ме потсетува на еден стар виц: ја устадох, сви усташе! Овде сите се Балисти, горди на постигањата, пишува Ванковска.

На фактот дека Министерството за култура спонзорира спотови во кои се користи говор на омpаза, „канцерот на Европа“, се повикува на наcилcтво, и се потенцира дека да се биде Балист е „гордост и идентитет“, жеcтоко реагираше и навивачката група Комити.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This