Министерот за oдбpaнa на Венецуела, Владимир Падрино, денес изјавил дека опозицијата ќе може само на cилa да го смени претседателот Николас Мадуро и да воспостави нова влада.
„Само преку нас мpтви, рекол Падрино на државната телевизија во изјавата упатена „до оние кои се обидуваат да бидат претседатели тука во Венецуела“, а алудирајќи на лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо.
Падрино нагласил дека и дека вооружените сили на Венецуела ќе останат стационирани на границите на земјите, за да се спречи потенцијално загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, како и дека офицепите и војниците во Венецуела останале „послушни и подредени“ на претседателот Николас Мадуро.