МИНИСТЕРОТ МИЛЕВСКИ ОТКРИ ДЕКА ЗАЕВ ЛAЖЕ: Во чии џебови ќе завршат минимум 50 милиони евра од поврат на ДДВ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, денес беше во Битола за да ја промовира мерката „Поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ“.

-Денеска заедно со градоначалничката на Битола се вклучивме во кампањата „МојДДВ“. До денеска согласно податоците што ги добив од УЈП евидентирани се над 5,5 милиони фискални сметки, остварен е прилив во Буџетот нешто повеќе од три милијарди денари, а поврат граѓаните ќе имаат над 50 милиони денари. Значи, над 800.000 евра веќе ќе се слеат на сметките на граѓаните. Тоа не е мала сума. Јас апелирам сите граѓани да се вклучат. Оној којшто смета дека не се големи средства нека ги собере и нека ги донира онаму каде што треба, рече Милевски.

Министерот од Владата на Заев со оваа изјава си го поклопи премиерот и неговите тврдења.

Имено, Милевски вели дека за еден месец над 800.000 евра ќе бидат слеани на сметките на граѓаните.

Според оваа математика, за една година, на сметките на граѓаните ќе биде направен поврат на ДДВ во вредност од 9.600.000 евра.

Тоа значи дека првата година од остварувањето на оваа мерка, која беше главна во предизборните кампањи на СДСМ, граѓаните нема да добијат ниту 10 милиони евра поврат.

Да се потсетиме што ветуваше премиерот Заев:

“Ќе имаме одличен систем и очекувањата се дека граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно на самиот старт, а зависно од процентот на успешност, толку повеќе ќе раснат и вкупните пари што ќе одат кај граѓаните, но и во буџетот”, рече Заев во март годинава.

Според простата математика, или разликата од најмалку 50 милиони евра ќе заврши на други сметки, а не кај граѓаните, или пак, ова ветување било само една од безброј лаги на премиерот Зоран Заев.

Милевски несвесно го обезличи Заев. Помпезните ветувања издишуваат. Министерот ја откри математиката која премиерот напумпано им ја сервираше на граѓаните.

Бидејќи се претставници на една иста Влада, би било добро да направат заедничка анализа, па да ја информираат јавноста во чии џебови ќе заврши разликата од ветеното и вистината, односно сумата меѓу десет и педесет до сто милиони евра од поврат на ДДВ?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This