МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ГИ РАЗОЧАРА ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ:Понудената мерка е контра продуктивна и селективна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот човек на Самостојниот синдикат, смета дека мерката од 5 денари за килограм е контра продуктивна и селективна, затоа што неколку илјади тони ориз веќе се предадени, а искуството покажало дека, откупувачите во одредениот временски интервал, веднаш ќе ја намалат откупната цена за 2-3 денари.

– Ако сакаме да ги покриеме еднакво сите, односно да помогнеме на сите оризопроизводители, мерката треба да биде по повшина., односно 3000 денари по хектар. Значи, од прилика пак доаѓа по 5 денари по колограм-изјави СТАВРЕ ЈАНЕВ, ПРЕТЕДАТЕЛ НА САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ НА МАКЕДОНИЈА

Оризопроиводителите бараат минимална откупна цена за арпата да не биде под 25 денари, зашто со актуелните 13 до 18 денари, тие или се во загуба или само ги покриваат производствените трошоци. Иако субвенциите се зголемени од 6000 на 24 000 денари по хектар, сепак тие за нив се недостижни, зашто при аплицирањето им се бара документ дека користеле семенски материјал.

– А кај нас никаде во Македонија не се произведува семенски материјал за ориз. За некаде 4000 ха, колку што моментално се обработува, потребни се 1 200 тони семенски материјал. Тоа не е возможно никој да го произведе, ниту да го увезе-изјави ДРГОЉУБ ГАВРИЛОВ, ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛ ОД КОЧАНСКО

Остануваат низа отворени прашања поврзани со оризопроизводството, но едно е извесно дека, доколку не се издејствува рентабилно производство, „белото злато“ полека ќе исчезне од кочанско поле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This