April 26, 2024, 11:27 am

МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ СО ЏЕТ СЕТОТ ДО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: Земјоделците во очај и без пари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски продолжува со лесниот живот во најелитните ресторани, додека земјоделците се сооцуваат со големата земјоделска криза, пишува порталот Денешен.мк.

Сабајлево во 01:00 часот министерот Николовски се сликаше од проводот во еден од најелитните скопски ресторани “The Loft”, каде што може да се видат многу познати личности од џет сетот.

Елитниот ресторан The Loft се наоѓа на покрив, на врв на зграда, а од таму се гледа центарот на Скопје. Ресторанот има стриктна политика за влегување, а од гостите се бара дрес код “smart casual”, со особен акцент на познати и скапи брендови.

 

Забавата на министерот Николовски траела до раните утрински часови, а менито за храна и пијалоци во овој елитен ресторан е со скапи цени.

Додека министерот Николовски се забавува со џет сетот до сабајле, земјоделците во очај и без пари ги уништуваат земјоделските производи.

 

ФOTO: Земјоделците во очај и проблеми, а министерот Николовски од СДСМ на гозба и музика на увце

Се врати ароганцијата на СДСМ. Министерот за земјоделство на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва е на гозба во ексклузивниот ресторан „Попова Кула“.

Николовски на својот Фејсбук профил објави фотографија од гозбата, додека нему и на неговото друштво им свири виолина и музика на увце.

Сето ова се случува додека македонските земјоделци се соочуваат со огромни проблеми со праските, бостанот, краставиците и повеќе други култури.

Да биде иронијата поголема, забавата на министерот Николовски е во ресторанот „Попова Кула“ во близина на Демир Капија, место кое е само на половина час возење од Росоман или струмичко, како епицентри на актуелната земјоделска криза.

Наместо Николовски да биде со земјоделците, самиот одбра да биде во елитниот ресторан со големо друштво и да му свират музика на увце.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This